PAY @ PUMP

Платете гориво без да одите на каса

Функционалноста PAY@PUMP е прва во Македонија која ви нуди можност да платите гориво на бензинска станица брзо, лесно и безбедно, без да одите на каса.

Преземете ја мобилната апликација

Едноставно користење на Pay@Pump

Инсталирај ја апликацијата "Lukoil Club - Macedonia".
Притисни го копчето “Плати” во апликацијата.
Наточи гориво.
Сметката ја добиваш во твојата електронска пошта.
Скенирај го QR кодот кој што се наоѓа на столбовите до самиот пумпен автомат (откако ќе заврши точењето).
Среќен пат! Плаќањето на гориво преку функционалноста PAY@PUMP е успешно завршена.

Го цениме
твоето време

Апликацијата има функционалност на мапа, преку која, врз основа на вашата моментална локација, ќе ве одведе до најблиската бензинска станица каде што можете да наполните ЕКТО горива на ЛУКОИЛ.

Во рамките на апликацијата можете да ги дознаете сите дополнителни информации за работното време, видовите на гориво и услугите на нашите бензински станици.

Собирајте бонус поени!

Со регистрирање во нашата програма за лојалност “ЛУКОИЛ КЛУБ” во функционалноста PAY@PUMP, можете да собирате бонус поени за секое купување гориво и дополнителен асортиман на нашите бензински станици.

На кои бензински станици е достапна функционалноста Pay@Pump?

Функционалноста PAY@PUMP е достапна на следните бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија:

004 БС Прилеп

Ул. Александар Македонски бр. 286, М5, Прилеп - на излез од Прилеп

005 БС Првомајска

Бул. Борис Трајковски бр. 88, Скопје – Кисела Вода

006 БС Штип

Ул. Гоце Делчев бб, Штип - на излез во Штип

008 БС Фолклор

Бул. Александар Македонски бр. 2, Скопје, Гази Баба-после Континентал

011 БС Битола 2

Ул.Владимир Назор бр. 2, Битола – на излез од Битола кон Скопје

016 БС Охрид

Ул. 7-ми Ноември бр. 286, Охрид

020 БС Струмица

Ул. Индустриска зона Север бр. 27, Струмица

040 БС Арнакија

Автопат Е65 / насока А2 на излез од Скопје - Тетово, Арнакија

100% Сигурно Плаќање

Сите ваши податоци се целосно заштитени, така што купувањето гориво на овој начин е сосема безбедно.

Функционалноста PAY@PUMP ги користи услугите на локални процесори (банки) за плаќање, кои обезбедуваат сигурна регистрација и плаќање со платежни картички. Податоците за платежните картички се безбедни во сертифицирана банкарска средина за процесор со PCI DSS (Меѓународeн стандард за информациска сигурност од највисок ранг ), со највисоко ниво на безбедност на податоците, PCI DSS Ниво 1.

Секоја трансакција за плаќање PAY@PUMP ја обработува платежниот процесор, во согласност со безбедносните стандарди PCI DSS, обезбедувајќи заштита на техничките и оперативните компоненти на системот вклучени во обработката на податоците од картичката или поврзани со нив. Затоа, сите платежни трансакции, како и податоцитеза платежните картички, се обезбедени и безбедни во текот на целиот процес на обработка на трансакциите за плаќање.